По бугарското Министерство за надворешни работи, и премиерот Росен Жељазков побара премиерот Христијан Мицкоски да се извини за одговорот на навредата од бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие времиња“, изјави Жељазков и додаде дека наративот на Мицкоски, ќе го остави на познавачите на Езоп.
Георгиев го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“, на што македонскиот премиер одговори дека тоа е исто кога „глушецот го задева лавот“, и е „момче пратено да му го привлече вниманието.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За бугарско МНР неприфатлив е јазикот на Мицкоски, ни збор за извинување за навредата од Георгиев
Фото:Министерски совет на Бугарија/Фејсбук