Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека, целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина.
„Тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21. век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности.
Наместо да ѝ ја подадат раката на Македонија, наместо да нè поддржуваат на патот кон полноправно членство во ЕУ, што е и дел од Договорот за добрососедство, тие имаат поинаква цел и добро е што сите успеаја да видат.
Добро е што сите сега веќе знаат која е крајната цел – дека не е неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку дека целта е многу подлабока и попасна и за Европа. На тој начин и ЕУ губи дел од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение со нашиот источен сосед,“ рече Мицкоски.
Бугарскиот политички врв, бара извинување од страна на премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи одговори на нападите на министерот за надворешни работи Георг Георгиев, дека е „северномакедонски премиер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И бугарскиот премиер Жељазков, побара извинување од Мицкоски
За бугарско МНР неприфатлив е јазикот на Мицкоски, ни збор за извинување за навредата од Георгиев
Фото/Влада