Шестмина од криминалната група “Грчец“ се осудени на 50 години и шест месеци затвор.
„Во групата учествувале 15 лица, од кои четворица се виновни за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, додека двајца се виновни за кривичното дело двојно убиство од одмазда и по порачка.
Дел се починати, а дел се недостапни за органите на прогонот,“ рече судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, образложувајќи дека групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година.
Водачот на криминалната група Шеваљ Муареми се уште е во бегство во Обединетите Арапски Емирати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои членови на криминалната група „Грчец“ добија затворски казни
Во Косово уапсен Дритон Ибиши од криминалната група „Грчец“, ќе биде ли екстрадиран во Македонија?