Јавна опомена од Берзата за седум друштва

На друштвата Силекс АД Кратово и Пелистерка АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што не постапиле согласно член 39, став 5 од Правилата за котација, информираа од Берзата.

На друштвата ГТЦ АД Скопје, Силекс, ЗК Пелагонија АД Битола, Пелистерка, Жито Караорман АД Кичево, Интернешнел Хотелс АД Скопје и ДС Смитх АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2024 година заедно со годишниот извештај за работењето за 2024 година, усвоени од собранието на акционери на друштвото во рокот пропишан со Правилата за котација, со што не постапиле согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести