Австриските власти уапсија 18-годишно момче со потекло од Македонија, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми.
Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.
Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции.
По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа. Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.
Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.
Фото: МВР