Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста во Охрид бил приведен во полицијата заради поседување марихуана, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
Раста во Охрид требаше да настапи по концертот на Џејсон Деруло.
Фото: Unsplash