Посмртните останки на 32-годишниот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец, потпретседател на Адора Бизнис Групација и коосновач на Prime Capital by Adora ќе бидат изложени утре во 14 часот во храмот „Св. Јован Крстител“ во скопски Аеродром, информираа од Адора Бизнис Групација.

Опелото ќе го водат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Душко Чифлиганец почина откако падна од мотор на трка во Брно, Чешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Душко Чифлиганец пишуваат и регионалните медиуми
Ева Заева со трогателна објава се прости од Душко Чифлиганец
Фото: Чифлиганец/Фејсбук