Јавна опомена од Македонската берза за 3 друштвa

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје и Кристал 1923 АД Велес, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2024 година заедно со годишниот извештај за работењето за 2024 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во рокот пропишан со Правилата за котација, со што не постапиле согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, информираа од Берзата.

-На друштвото Фабрика Карпош АД Скопје, котиранo на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради на необјавување на сите измени и дополнувања на дневниот ред на Собранието на акционери во рокот пропишан со Правилата за котација, со што не постапиле согласно член 39, став 6 од Правилата за котација.

На друштвото Жито Караорман АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосните материјали за Собранието на акционери во рокот пропишан со Правилата за котација, со што не постапило согласно член 39, став 5 од Правилата за котација, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести