Раде Кончар – Трансформатори и електрични постројки (ТЕП) ДООЕЛ Скопје сака целосно да ја преземе Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје, информираа од таму преку Македонската берза.
Друштвото нуди 2.435 денари за акција и најавува дека има намера да објави Понуда за преземање.
Понудата за преземање ќе биде објавена откако Комисијата за хартии од вредност ќе ја издаде потребната дозвола.