Во „Роде мој“ учествуваат сите кои се дел од проектот„Македонијо во срце те носиме“: Караванот стартува од Охрид

„Роде мој“ е ново музичко парче кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ со потпис на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот.

На 26. август од Охрид, со почеток во 20 часот, тргнува и караванот во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект.

Во рамки на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“, работен под капата на Скендеровски продукција, публиката досега ги слушна: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко” (Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески).

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести