Освен за неколку играчи, фудбалските клубови “Шкупи“ и „Брегалница“ за инцидентот на натпреварот во рамки на Републичкото пионерско коло, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги казни и клубовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФФМ доживотно го суспендираше играчот на “Шкупи“ чии татко натепа играчи на “Брегалница“
За “Шкупи“, како што информираа од ФФМ е поведена дисциплинска постапка поради физички напад од страна на родители/навивачи врз противнички играчи, со што е сторен тежок прекршок од страна на навивачи/гледачи.
-Согласно член 29, санкцијата се однесува конкретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на фудбалерот на „Шкупи“ кој натепа фудбалери на “Брегалница“ заврши во притвор
За “Брегалница“ е поведена дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот и пропуст во обезбедувањето.
-И во овој случај, согласно член 29, постапката и евентуалните санкции се однесуваат на конкретната екипа, помлади пионери која била домаќин на натпреварот, велат од ФФМ.
Против Алејса Виши, координатор на млади категории на Шкупи пак се поведува дисциплинска постапка поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, односно ставање во Комет системот на ФФМ, лица во графата – шеф на стручен штаб и кондициски тренер кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи, велат од ФФМ.
Тој доби забрана за играње на четири натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ФФМ