Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија на крајот на август изнесувале 4.754,4 милиони евра.
Во однос на јули истите бележат зголемување за 84,5 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви на земјава се пласирани во хартии од вредност (74,6%), по што следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%).
Фото: Унсплеш