На друштвата РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и Жито Караорман АД Кичево, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2025 година и образложение кон истите во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 40, став 3 и став 4 од Правилата за котација, информираа од Берзата.