Растот на личната потрошувачка ја забрза економската активност, оценува Народна банка

Во вториот квартал од 2025 година, растот на економската активност забрза и изнесува 3,4% на годишна основа, велат од Народна банка.

„Ваквото остварување е малку повисоко во однос на оцената за вториот квартал во рамките на априлскиот циклус проекции. Економскиот раст целосно произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, во услови на раст на личната потрошувачка и бруто-инвестициите, додека нето-извозот бележи мал негативен придонес, во услови на забрзан раст и на извозот и на увозот.

Светската неизвесност, особено поради трговските и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката со коишто ќе се остваруваат домашните инфраструктурни проекти се едни од најважните фактори што ќе влијаат врз темпото на економскиот раст,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годишната стапка на инфлација во август забави и изнесуваше 4,4%, велат од Народна банка

Каматните стапки остануваат исти

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести