Уште едно обвинение за Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од таму.

-Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката.

За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Мерко казнет со 10.000 евра и прогласен за виновен за назначување на в.д. директори на општинските училишта

Фото: Фејсбук/Мерко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести