За УО на Стопанска банка Битола понудата за преземање од страна на Алта банка е добра

Во врска со понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка АД Белград, преку Македонската берза се огласи Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што мислат вработените во Стопанска банка Битола за понудата за преземање од страна на Алта банка

Од таму меѓудругото велат дека преземањето на македонската Банка ќе има позитивен ефект врз нејзиното работење, очекуваат дека ќе се задржела правната структура и оперативната рамка на Банката, а повикувајќи се на Проспектот од понудата, очекуваат и проширување на УО со уште еден член.

Повикувајќи се на Проспектот од понудата, УО на Стопанска банка Битола, со преземањето од страна на Алта банка очекува и зголемување на бројот на вработените, како и зачувување на пазарната позиција на Банката.

Како што веќе пишуваше еМагазин, Алта банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола. Таа од претходно веќе заедно со поврзани лица (Алта груп) поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.

За акција нуди 3.777 денари.

Понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола

Како работела Стопанска Банка Битола во првото полугодие

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести