Драги Иванов, за прв пат годинава споделува видео запис за уште една од песните на неговиот прв албум “Небо”. Овој пат за песната “Навидум”, со кој продолжува и визуелно да го отсликува неговиот албум.
Песната „Навидум“ е напишана, изведена и продуцирана од Иванов, како и остатокот од неговиот албум “Небо”.
Исто така, видео записот е реализаран од негова страна со помош од Мирослав Илиќ, кој е одговорен колорот на овој и дел од неговите претходни видео записи.
Како што споделува Драги на социјалните мрежи, ова е третата верзија на видео записот за “Навидум”, четврта доколку се вбројува и едната концептуална идеја. Некогаш им треба време и на идеите да испливаат на површина, посочува тој.
Слушнете го првиот албум на Иванов, “Небо”:
Доколку слушате музика на Spotify, можете да ја чуете неговата музика овде –spotify.com.
Може да го следите и на социјалните мрежи: instagram.com, tiktok.com и facebook.com.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Драги Иванов го издаде својот прв албум „Небо“
Фото: Промо