По концертите во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола, Гостивар и Прилеп концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ ќе заврши во Кичево, во недела, со почеток од 20 часот.
„Кичевскиот плоштад ќе се претвори во сцена на љубовта кон Македонија. Ќе блеснат ѕвездите кои со својот глас ја слават татковината: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, СузанаСпасовска,Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев.
14 нови композиции – создадени со срце, исполнети со љубов и напишани како химни на македонскиот дух, повторно ќе одекнат под отворено кичевско небо.
Овој караван ни покажа нешто многу важно – за убавата македонска песна секогаш има расположение и публика! Илјадниците луѓе кои пееја со нас низ цела Македонија го докажаа тоа. Сега, Кичево ја добива честа да го заокружи ова патување. Да пееме заедно, да го прославиме тоа што сме – Македонци со срце полно љубов кон нашата земја,“ порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на оваа музичка мисија.