Утрово во Пробиштип, заедно со семејството, колеги, пријатели и претставници на Независниот синдикат на полицијата, ја откривме спомен-бистата на нашиот храбар колега Тоше Тодоровски, кој го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Тоше не загина залудно, загина спасувајќи млади човечки животи. Шест месеци по оваа голема трагедија, болката и тагата се уште се силни, но со поставувањето на оваа биста вечен ќе биде споменот за неговата храброст и саможртва. Тоше останува симбол на посветеноста и пожртвуваноста на македонскиот полициски службеник, човек кој својот живот го стави во служба на заштитата на другите.
Како Министерство за внатрешни работи ќе продолжиме да стоиме покрај семејствата на загинатите, да ја чуваме нивната жртва од заборав и да се бориме за правда, во името на сочувството, достоинството и почитта кон оние кои најмногу изгубија,“ рече Тошковски.

Фото/МВР