Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Ацо Дудулоски е избран за нов претседател на Управниот одбор (УО) на Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист
Тој доаѓа на местото на Горан Ташков, кој е разрешен од таа позиција.
Исто така за нов член на УО на Македонијатурист е избран Леонид Антиќ од акционерот М.Г. Фешн.
Во УО на Друштвото е и Маја Николовска од акционерот Промедика.
Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист
Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист
Промедика купи нови акции на Македонијатурист, сега поседува 11,91% од вкупниот број
Фото: Игор Бансколиев