Како што претходно спомнав во серијалот за моето патување по Сицилија, Италија и Малта, на некој чуден и убав начин ме следеше Богородица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Во Малта се е под конец
Италија, како и Малта, важи за прилично религиозна земја, па на Денот на независноста на Македонија, 8. септември, кога Католиците го слават празникот Мала Богородица, решив да отидам во црква да запалам свеќи за најблиските и за мојата земја.
Излезе дека една од најубавите не само во Сиракуза и Сицилија, ми е во комшии.





Објектот на Basilica Santuario Madonna Delle Lacrime го видов уште кога пристигнав во Сиракуза, бидејќи има одлична позиција и се гледа од различни страни на градот. Си кажав „што убав модерен објект“. Ме потсети на бруталистичкиот стил, типичен за постземјотресно Скопје.
Не се плаќа влез, како и во бројни други базилки, катедрали и слично низ Сицилија, а за свеќи оставате колку што имате.
Поубаво нешто немам видено. За енергијата да не правам муабет!
Висока е 74,30 метри (првично било планирано да биде 103 метри), а има дијаметар од 69,40 метри.
Камен-темелникот бил поставен во 1954 година, а за нејзиното дизајнирање имало меѓународен натпревар, на кој бил избран дизајнот на Мишел Андро и Пјер Парат. Главен инженер за изградба бил Рикардо Моранди.
Изградбата започнала во 1966 година, а беше завршена во 1994 година.
За време на изградбата беше откриено дека темелите содржат крипта, веројатно палеохристијански мавзолеј, кој сега се наоѓа во долните простории на црквата.
Црквата е веднаш до катакомбите на Сан Џовани и базиликата Сан Марцијано.
Во 2002 година, папата Јован Павле II го воздигнал статус на црквата на мала базилика.
Продолжува…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Сиракуза
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Сиракуза – бисерот на Сицилија
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија
Фото: еМагазин