На 10. октомври истекува рокот за јавната понуда на српската Алта банка АД Белград за купување на 371.528 акции на Стопанска банка АД Битола.
На рокот вчера потсетија и од Алта банка, а засега големите акционери во Стопанска банка Битола јавно не се огласиле за понудата, како што направија лани, кога Комерцијална банка АД Скопје сакаше да ја купи Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алта банка, како што веќе пишуваше еМагазин, од претходно веќе заедно со поврзани лица (Алта груп) поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола, а понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.
За акција нуди 3.777 денари.
За Управниот одбор и вработените во Стопанска банка Битола понудата е добра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За УО на Стопанска банка Битола понудата за преземање од страна на Алта банка е добра
Што мислат вработените во Стопанска банка Битола за понудата за преземање од страна на Алта банка
Најголем акционер во Стопанска банка Битола е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,99% од акциите на Стопанска банка Битола, а помеѓу поголемите акционери се и Тони Јосифовски, Алта Груп (во чија сопственост е Алта банка), Орка холдинг АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола
Како работела Стопанска Банка Битола во првото полугодие
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола