(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Лекција од Ното за Охрид како се чува статусот на УНЕСКО

Градот Ното, кој е дел од сицилијанската покраина Сиракуза и се наоѓа на 32 километри југозападно од градот Сиракуза е едно од најубавите нешта кои ги видов на оваа патување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Сиракуза – бисерот на Сицилија

Како и старото јадро на Катанија и Сиракуза и стариот дел на Ното е заштитен како светско културно наследство од страна на УНЕСКО, како што е и нашиот Охрид.

За разлика од Охрид овде не никнуваат нови градби, најчесто дивоградби. Градиот си е ист каков што бил на почетокот на 18 век, а само се додадени мали дискретни современи детали кои го праваат уште помагичен.

Како архитектонски стил доминира сицилијанскиот барок, а бројните катедрали и палати ќе Ве остават без здив.

Градот се наоѓа во подножјето на Иблеанските планини, а неговите жители со својата срдечност и гостопримливост дополнително го прават задолжителна дестинација ако патувате низ италијанскиот остров Сицилија.

Продолжува…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Сиракуза

(Фото) еМагазин на патување по Медитеранот: Импресивната Basilica Santuario Madonna Delle Lacrime во Сиракуза

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Катанија

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести