Денеска во близина на зградата на Општина Куманово е ранет носителот на листата кандидати за советници на коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, за Општина Липково, докторот Зекирија Шахини (43) од село Слупчане.
Тој е вон животна опасност и од болницата во Куманово е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово информираа дека во неговиот автомобил „фолксваген голф“ пукале две лица во движење.
Лицата што пукале во него засега не се пронајдени.
Шахини работи на скопската Клиника за пулмологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео: TelevisioniNews/opentvmk/фото: Шахини/Фејсбук