Српската Алта банка АД Белград, која е во фокусот на македонската јавност поради намерата да ја преземе македонската Стопанска банка АД Битола ќе гради кула „Алта“ во кое ќе и биде новото седиште.
Во кулата, како што пренесуваат српските медиуми, ќе има и станови, канцелариски простор, трговски и угостителски објекти, како и нов јавен плоштад.
Истата ќе биде на 35 ката, а дизајнот е на британска фирма за архитектура и дизајн „Заха Хадид“ (ZHA) и белградското биро „Биро Кјуб Партнерс“ (BCP).
Ќе се протега на површина од 79.470 квадратни метри.
Понудата за купување на Стопанска банка Битола истекува за два дена, односно на 10. октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега се уште нема јавна информација од најголемите акционери на Стопанска банка Битола за понудата, а Управниот одбор на Банката и вработените сметаат дека истата е добра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ќе кажат акционерите, УО и вработените дадоа амин за продажба на Стопанска банка Битола
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола
Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола
Фото: Инстаграм/„Заха Хадид“