Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), кој пред неколку денови загина при експлозија на бомба во центарот на Белград, Србија, избегал од куќен притвор во Македонија, во кој бил поради обид за убиство, објави порталот Скопје1.
Како што објави порталот, предметот за поранешниот ракометар на Вардар, а сега модел, го застапувал обвинителот Александар Марковски, а бранител му бил Владимир Туфегџиќ.
„Надлежните институции не направија доволно за Мартин како исклучително интилигентено и талентирано дете, во насока на навремено превенирање и артикулирање на неговата енергија во вистинска насока, иако му биле изрекувани воспитни мерки како дете во судир со законот.
Овој настан нека биде повод нашите институции и воспитно поправните домови навремено да превенираат и да работат со деца во судир со законот во смисла да им ја пренасочат погрешно насочената енергија,“ вели Туфегиќ за Скопје1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш