Куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ предизвика паника, по проверките на МВР утврдено е дека е празен

Куфер оставен во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ денеска предизвика паника, а случајот го пријавил обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“.

„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот ВМРО во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести