Исламистичката воена група Хамас, согласно мировниот план на САД, денеска ги ослободи последните 20 живи израелски заложници.
Не е познато кога семејствата на останатите 28 починати заложници ќе ги добијат нивните тела.
Сега Израел, согласно планот, треба да ослободи 250 Палестинци од кои најголем дел отслужуваат доживотна казна затвор (дел од нив ќе бидат протерани во Египет) и 1.700 жители на Појасот Газа кои се притворени од почетокот на војната на во октомври 2023 година.
Од нападот на Хамас на Израел на 7. октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 израелски државјани, а 251 беа земени како заложници, во окупираниот дел од Палестина, Газа беа убиени над 67.000 лица, од кои околу 20.000 се деца, а Појасот е речиси срамнет со земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и размена на заложници
Трамп предложи план за прекин на огнот во Газа, Хамас не го бендиса
Фото: Фејсбук