Стопанска Банка Битола, откако доби нов сопственик, тргната од Листата за набљудување на Берзата

Вчера Македонската берза изврши бришење на Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување, што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што постапката за преземање на Друштвото е завршена, информираа од таму. 

Стопанска Банка Битола беше внесена на Листата на набљудување на 21.05.2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на Друштвото.

Нов сопственик на Банката е српската Алта банка АД Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

(Фото) Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола ќе гради кула „Алта“, каде ќе и биде новото седиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести