Гунвор Груп ќе биде нов сопственик на „Лукоил Македонија“?

Најголемата руска недржавна нафтена компанија по приходи, „Лукоил“ за која САД воведе санкции се одлучи да ги продаде своите подржници низ светот, меѓу кои е и „Лукоил Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали „Лукоил Македонија“ ќе биде продадена?

„Лукоил“ денеска соопшти дека ја прифатила понудата да ги продаде подружниците, или поточно неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, на меѓународниот трговец со енергија „Гунвор груп“, регистриран на Кипар, а со седиште во Женева, Швајцарија.

„Лукоил“ се обврзал да не преговара со други потенцијални купувачи, а веќе биле договорени и условите за трансакцијата.

Договорот треба да биде одобрен од американската Влада, односно да добие дозвола од Министерството за финансии на САД, кое ги воведе санкциите.

Ако се реализира оваа продажба до крај, тоа ќе значи и дека „Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик.

Основач и содружник на „Лукоил Македонија“ е „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, како и „Литаско Са“, која е содружник.

„Лукоил Македонија“ има 40 бензински пумпи во Македонија, 550 вработени и складиште за нафта во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведе санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“, Трамп ја откажа средбата со Путин, рускиот претседател нареди вежби на нуклеарните сили

Фото: „Лукоил“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести