Доделени „Атанас Близнакоф“ стипендиите за студентска извонредност: Нови 43 стипендисти стануваат дел од четвртата генерација на таленти

Македонија2025 со гордост ја објавува листата на 43. нови добитници на  стипендија „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност за академската 2025/2026 година.

Стипендиите се доделуваат на студенти запишани во прва година на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се истакнуваат со исклучителен академски успех, мотивација и потенцијал за личен и професионален развој.

Секој стипендист ќе добие 2.500 американски долари годишно (во денарска противвредност), со цел да им се овозможи поддршка за успешно продолжување на високото образование. Оваа значајна финансиска поддршка е овозможена од фондацијата „Атанас Близнакоф“, која со четири генерации последователно ја покажува својата верба во младите таленти на Македонија.

Стипендијата е наменета за редовни студенти кои имаат постигнато високи резултати и покажале значајни вклучувања во образовни и лични активности, но се соочуваат со ограничени финансиски можности за понатамошно школување.

Македонија 2025 ја претставува новата генерација на стипендисти, талентирани и амбициозни студенти кои се движечката сила на идните општествени и економски промени.

Посебна чест ни е да истакнеме дека оваа година имаме вкупно 43 добитници, наместо вообичаените 40, бидејќи последните кандидати имаат идентичен број поени и ја делат истата рангирана позиција.

Со гордост ја објавуваме листата на добитници за академската 2025/2026 година:

Правото на користење на стипендијата започнува по доставување потврда за статус на редовен студент запишан во прва година на прв циклус студии при УКИМ во академската 2025/2026 година. Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку фондацијата „Атанас Близнакоф“.

Како долгогодишен партнер на фондацијата, Македонија2025 ќе го следи напредокот и постигнувањата на стипендистите и ќе ја обезбеди континуирана поддршка во наредните години.

„Исклучително сме благодарни на фондацијата ‘Атанас Близнакоф’ за континуираната поддршка во унапредувањето на високото образование и создавањето силна база на таленти во Македонија. Заедно градиме иднина во која знаењето, иновациите и вредностите носат напредок,“ стои во пораката од Македонија2025.

Им упатуваме искрени честитки на сите добитници, со желба оваа стипендија да биде силен поттик кон реализација на нивните академски и професионални амбиции!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести