(Видео) Промовирана приспивната песна на Becutan „Нежни и слатки сништа со Becutan и Хана Хуљиќ Грашо“

Приспивните песни го пренесуваат чувството на нежните и меки допири кои раскажуваат најубави сказни, смируваат и даваат чувство на сигурност и на поврзаност на родителот и детето. Преку нив се поврзуваат емоционалниот и когнитивниот физички развој. Приспивната песна создава посебен момент на поврзаност меѓу родителите и бебето, на тој начин овозможувајќи чувство на сигурност, љубов и на смиреност.

Токму сево ова е претставено преку посебната приспивна песна промовирана во прекрасниот хотел Amadria Hotel Capital – Нежни и слатки сништа со Becutan и Хана Хуљиќ Грашо“. На промоцијата, меѓу многубројните мајки и бебиња, учествуваа и Петра Гајшак, модератор; Маша Гавраниќ, најмладата водителка; Ката Лојтар, здравствен педагог и психотерапевт, и Хана Хуљиќ Грашо, музичар и мајка на две деца.

„Музиката за приспивната песна на Becutan настана во еден здив. Првите асоцијации ми беа нежноста, љубовта и мирисот на детството. Сите тие емоции додека растев, на кои и самата се сеќавам од сопственото детство и од Becutan, се обидов да ги пренесам во песна, па така се роди приспивната песна „Нежни и слатки сништа со Becutan“. Им пеам приспивни песни на своите деца, па верувам дека и оваа ќе си го најде својот пат во тие посебни моменти за мајката и за детето“, изјави Хана Хуљиќ Грашо, музичар и мајка на две деца.

„Приспивната песна „Нежни и слатки сништа со Becutan“ е нешто што им требаше на сите родители! Нежна, мелодична, лесна за помнење и, најважно, прекрасно испеана приспивна песна, а такви нема многу. Потекнувам од големо музичко семејство, ние сме пет деца, а дома секогаш се пееше нешто, па кога станав мајка, ми дојде некако природно да им запеам на своите деца пред спиење, а иако сега тие се веќе големи, знаат понекогаш да се присетат на нашата приспивна песна и да ме замолат да ја испеам.

Можете само да замислите колку пати сум морала да ја испеам кога беа мали штом и сега со 14 и со 10 години ја знаат без грешка. Сигурна сум дека исто ќе биде и со оваа приспивна песна на Becutan и дека децата ќе ја пеат со генерации“, истакна Петра Гајшак, водителка.

„Да се биде мајка значи да се живее во најинтензивната лабораторија на љубовта, трпението и растот. Од перспектива на психотерапевт и претприемач, секогаш велам: одморот не е луксуз, туку предуслов за присуство, креативност и за емоционална отпорност.

На нашите деца не им требаат совршени, туку стабилни, нежни и одморени родители. Приспивна песна како оваа не е само момент за детето – тоа е и повик за нас возрасните да го забавиме темпото, да вдишеме и да си дозволиме себеси да бидеме најважни. Кога детето тоне во сон, и ние можеме да си го пронајдеме својот мал мир. А во свет кој ја слави брзината тоа е најхрабриот чин на љубов,“ истакна Ката Лојтар, здравствен педагог и психотерапевт.

Becutan е бренд кој речиси 50 години е дел од семејствата, со традиција и со вредности што се пренесуваат од генерација на генерација и со акцент врз безрезервната поддршка за сите предизвици на родителството со кои секојдневно се соочуваат родителите. Becutan ги негува и ги поддржува вистинските вредности, во кои семејството и грижата за најмилите се најважни.

Производите на Becutan се клинички и дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри и дерматолози. Формулацијата на сите производи е создадена според уникатен рецепт. Изразено е блага и нежна, ја штити и ја негува кожата, а притоа придонесува за јакнење на нејзината заштитна функција.

Производите на Becutan се произведуваат во висококонтролирани услови на производство и примена на стандардите GMP (Good Manifacturing Practice), како и на стандардите ISO 9001 и ISO 14001 за квалитет. Сите формулации на производите се усогласени со Европската директива за квалитет на козметичките производи наменети за децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести