Во ски-центар „Михајлово“ на Кожуф, се гради нова скијачка патека

Во Ски-центар „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1.200 метри, на 1.400 метри надморска височина, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази, информираше градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

„Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација. Патеката ќе биде пуштена во употреба на 1 јануари, 2026,“ напиша Јанчев.

Фото/Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести