Девизните резерви на Македонија на крајот на октомври годинава изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 120,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%).
Фото: Унсплеш














