Американските компании „Аптив“ и „Дура“ го напуштаат македонскиот пазар, објави телевизијата Телма.
И двете компании неколку години работат во Технолошко инустриската развојна зона (ТИРЗ) „Бунарџик“ во околината на Скопје.
Како што објави телевизијата повикувајќи се на изјава од „Аптив“, компанијата очекува да ја затвори фабриката најдоцна до крајот на следната година, а неофицијално од август досега таа го намалила бројот на вработени за околу 30%.
Дека од зоната си оди и „Дура“, компанијата ја информирала и Дирекцијата за технолошки инустрирски развојни зони, од каде за телевизијата велат дека од компанијата ќе бараат делумно враќање на државната помош поради неисполнување на договорените обврски.
Фото: ТИРЗ














