Кренар Лога, поранешниот министер за правда, се повлекува од политичкиот живот.
Тој на Фејсбук информираше дека се повлекува од сите партиски функции во опозициската Алијанса за Албанците.
– Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа, пишува тој меѓудругото.
Тој во партијата беше генерален секретар, а подоцна и потпретседател.
Фото: Фејсбук/Лога














