Неколку скопски јавни претпријатија добија нови директори.
Нов директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“ е Борис Настов, кој веќе бил на оваа позиција.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како што информираа од Град Скопје, ќе го води Иван Митровски, нов директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е Драги Митковски, а на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје е Сашо Илиевски.













