Додека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски за вчерашните средби со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Скопје на своите профили на Фејсбук информираа општо, Вадефул е многу конкретен во неговата објава за средбата на Инстаграм.
Тој посочува дека Македонија веќе постигнала многу, ама напредокот во односите со Бугарија, како што пишува, бил особено важен за да може да се постигнат натамошните успеси во процесот на пристапување кон Европската унија.
И тој како што веќе информираа Мицкоски и Муцунски посочува дека Германија ја подржува Македонија на тој пат.
Вадефул беше на турнеја по земјите од Западен Балкан, а по средбите во Скопје немаше прес-конференција, ниту изјави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германскиот шеф на дипломатија ја посети Македонија, немаше прес-конференција, ниту изјави
Фото: Влада













