(Фото) Титан Усје одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

Титан Усје годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година. Од своето основање, компанијата растеше паралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба на домови, училишта, болници, патишта, мостови и друга суштинска инфраструктура која го обликува современото општество, информираат од таму.

Во текот на децениите, Титан Усје инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модернизација и технолошки напредок. Овие инвестиции значајно ја подобрија безбедноста, оперативната ефикасност, продуктивноста и перформансите во доменот на заштитата на животната средина, посочуваат од таму. 

Денес, Титан Усје се истакнува како современа компанија со напредни дигитални технологии и автоматизација на производството, подвлекуваат од таму.

Во 1998 година Усје стана дел од Групацијата Титан, со што се забрза развојот на компанијата преку размена на глобално знаење, најдобри практики и корпоративни вредности, како и пристап до напредни технологии и меѓународни стандарди. Тоа ја зајакна иновативната способност на компанијата, ја зголеми конкурентноста и го потврди нејзиниот статус на лидер во индустријата, усогласен со глобалните трендови и потребите на пазарот, велат од таму.

„Титан Усје е тоа што е денес, благодарение на нашите вработени – повеќе од 3.000 вработени кои низ годините ја обликуваа компанијата преку својот труд, знаење и вредности кои постојано нѐ движат напред.

Нашата грижа за заедницата е дел од нас, ние сме одговорен и доверлив партнер кој создава можности, поддржува и поттикнува развој.

Со поглед кон иднината, ќе продолжиме да инвестираме во иновации, нови технологии и современи решенија, обезбедувајќи Титан Усје да остане водечка компанија и сигурен партнер во развојот на земјата“, рече главниот извршен директор, Константинос Николау, обраќајќи им се на сите партнери, вработени, пријатели и гости на јубилејната прослава.

Во своето обраќање, Јанис Паниарас, извршен директор за Европа во Групацијата Титан, истакна: „Во изминатите седум децении, Усје претставува важен столб во економскиот и општествениот развој на земјата, обезбедувајќи материјали за изградба на клучна инфраструктура и поддржувајќи го вработувањето, локалните заедници и националната економија.

Титан со гордост го има Титан Усје како дел од нашето глобално семејство уште од 1998 година. Денес, компанијата е посилна од било кога, комбинирајќи огромно индустриско знаење со најсовремени технологии и силен тим на посветени вработени, изведувачи и деловни партнери. Гледајќи кон иднината, остануваме цврсто посветени на одржлив развој.

Нашиот континуиран фокус на иновации и инвестиции во луѓето и во развојот на компанијата ќе обезбеди Титан Усје и понатаму да остане лидер во индустријата за градежни материјали и двигател на напредокот во децениите што следуваат“.

Преку инвестициите во вештачката интелигенција и брзата трансформација Титан Усје ги поставува темелите за идниот одржлив развој на компанијата и за планови за дополнителни инвестиции во иновативни и „зелени“ технологии во вредност од 50 милиони евра до 2030 година. Во фокус и понатаму ќе бидат дигитализацијата, машинското учење, вештачката интелигенција и понатамошното намалување на јаглеродниот отпечаток, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести