Вучиќ негира вмешаност во „Сараево сафари“, најави тужби за светски медиуми

Српскиот претседател Александар Вучиќ негира дека пукал во цивили за време на опсадата на Сараево, Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.

Хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ, тврди дека и Вучиќ е вмешан „Сараево сафари“ и достави кривична пријава за него до Обвинителството во Милано, Италија, кое истражува дали Италијанци и граѓани од други земји доаѓале во тоа време во Сараево и ѝ плаќале на српската војска за да убиваат цивили за забава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И Вучиќ бил дел од „Сараево сафари“, тврди хрватски новинар кој поднесе пријава до Обвинителството во Милано

Вучиќ меѓудругото изјави дека невистините и бесмислените работи секогаш излегуваат на виделина во критичен момент за Србија, и дека никогаш не слушнал за „Сараево сафари“, пренесуваат српските медиуми.

Најави дека ќе ги ангажира најдобрите адвокати и ќе тужи одредени светски медиуми кои според него шират лажни вести дека учествувал во „Сараево сафари“, а парите што ќе ги добиел ќе ги дадел за хуманитарни цели, како и на црквата со цел да се обнови манастир во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Децата биле најскапа цел: Морничави детали за странците кои од задоволство убивале цивили во Сараево кога беше под опсада

Италија отвори истрага: Италијанци, Германци, Французи, Англичани… убивале цивили во Сараево кога беше под опсада од задоволство?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести