Македонија со 100.000 евра ќе ја подржи кампањата за Оскар за документарецот на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, кој е македонскиот кандидат за оваа престижна филмска награда.
Информацијата денеска ја соопшти в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој рече дека филмот ќе ги добие парите од Агенцијата, бидејќи смета дека е од исклучителен национален интерес.
– Кампањата за Оскар ја поддржува National Geographic. Целиот буџет е околу 700.000 евра, а Македонија учествува со 100.000 евра, што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм што има реални шанси за Оскар, рече тој на прес-коференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
National Geographic Documentary Films ја откупи „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска
Фото: Промо














