Рамстор Македонија добитник на признанието во категоријата „Пристапно работно опкружување“ на годинешните Ability Awards

Рамстор Македонија е добитник на признанието во категоријата „Пристапно работно опкружување“ на годинешните Ability Awards, доделени за исклучителни практики во областа на инклузијата, пристапноста и општествената одговорност.

Ова признание претставува значајна потврда за доследните напори на компанијата да обезбеди еднакви можности и поддршка за сите свои вработени, со фокус на создавање работна средина која е достапна, безбедна и инклузивна.

“Особено сме горди што сме меѓу првите компании во ритеил индустријата кои активно вработуваат лица со попреченост, создавајќи предуслови за еднакво учество и достоинствена перспектива. Ова е доказ дека секој наш чекор во подобрувањето на пристапноста и поддршката на лицата со попреченост има реално и видливо влијание”. изјави Даниела Адемоска, Генерален Директор и сопственик на Рамстор Македонија и додаде:

„Ова признание претставува голема чест и силна потврда за нашата посветеност на инклузијата и корпоративна социјална одговорност. Во Рамстор одамна веруваме дека компанијата не е само бизнис — таа е активен дел од заедницата и има обврска да создава можности и поддршка за сите.

Наградата им припаѓа на сите наши колеги, кои секојдневно ја претвораат нашата визија во конкретни резултати и вистински промени. Искажувам искрена благодарност до организаторите на Ability Awards за нивната мисија и континуирана поддршка на иницијативи кои ја поттикнуваат инклузивноста.

По повод 3ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ова признание за нас е дополнителна обврска да продолжиме уште поинтензивно да инвестираме во пристапност, еднакви можности и партнерство со заедницата, со цел да придонесеме кон поинклузивно, поправедно и похумано општество.“

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести