Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе организира филантропска изложба и аукција на уметнички дела, во рамки на годишниот хуманитарен настан „Threads of Light“. Од тука од Фондацијата ги повикуваат уметниците да донираат свои дела, кои ќе станат дел од конкретна и значајна поддршка.
„Собраните средства ќе помогнат во психосоцијална, правна и финансиска помош на семејства што се соочуваат трагична и неправедна загуба, активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот, иницијативи за подобрување на законите и правната заштита.
Со донирање дело, вашата креативност станува дел од мисија што гради поемпатична, побезбедна и посолидарна заедница. Ви благодариме што придонесувате кон оваа цел,“ велат од Фондацијата која е создадена во чест на младата модна дизајнерка Фросина, со цел да поддржи млади таленти, семејства што се соочуваат со трагична и неправедна загуба и иницијативи за побезбедно и поодговорно општество.
Фросина Кулакова трагично го загуби својот живот на 29 јануари, поминувајќи на пешачки премин на Партизанска.
Како може да донирате, прочитајте ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Последната колекција на Фросина Кулакова го осветли финалето на Top Model Europe Balkans
Фото/Unsplash













