Ставена вон сила одлуката Маја Кадиевска Војновиќ да биде член на УО на Алта банка Битола

Од Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка АД Битола) преку Македонската берза информираа дека на 17. декември со одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, ставена е вон сила одлуката за именување на Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управен одбор (УО) на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешната вицегувернерка Кадиевска Војновиќ влезе во Управниот одбор на Стопанска банка Битола

-До комплетирање на составот на Управниот одбор на Банката и до истекување на мандатот, Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција член на Управниот одбор на Банката, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка е новото име на Стопанска банка Битола

Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Фото: Алта банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести