“Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош“, вели пратеникот на Левица, Јанчев по обвинението за сообраќајката во која загина 16-годишно момче

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, за кого Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе обвинение за сообраќајната несреќа од 14. септември, во скопското село Марино, по која почина 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена, вели дека жали за случајот и меѓу друго посочува дека веднаш после несреќата пружил помош и повикал помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за пратеникот Сашко Јанчев, за сообраќајката во Марино во која загина 16-годишно момче

„Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути. Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа“, стои во неговата реакција.

Меѓу друго посочува и дека власта го користела случајот за политичка пресметка и дека не бил пијан, дрогиран, дека не возел бесно и дека не возел ново возило. Неговото било старо 20 години.

Вели и дека не се повикува на неговиот пратенички имунитет, кој родителите на повреденото девојче неодамна од претседателот на Собранието, Африм Гаши, побараа да му биде укинат.

Тој е обвинет за за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одземањето на имунитетот на пратеникот на Левица може да го инцира само надлежен орган, велат од Кабинетот на Гаши

Ќе остане ли пратеникот на Левица, Сашко Јанчев без пратенички имунитет?

Почина 16-годишното момче кое со мопед удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Фото: Фејсбук/Јанчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести