Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош

Како што веќе објави еМагазин, Сервис Петрол ДОО Скопје е купувачот на 224.000 обични акции на Фабрика Карпош АД Скопје, кои преставуваат 74,89% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош

Акциите ги продаде Градежен институт Македонија (ГИМ) АД Скопје и повеќе не е акционер во Друштвото.

Од компанијата преку Македонската берза информираа дека планираат да објават намера за целосно преземање на Фабрика Карпош, која ќе биде објавена откако ќе добие дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Сервис Петрол нуди 350 денари за останатите акции.

Фабрика Карпош има вкупно 138 акционери, од кои седум се правни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој купи 74,89% од акциите на Фабрика Карпош?

Фабрика Карпош со зголемена добивка во третиот квартал

Како работела Фабрика Карпош во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести