Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите”, која ќе се одржи на 29. декември на Боемска 1, во Дебар Маало.
Предновогодишната програма започнува во 11 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат „Златните славејчиња”, хорот на ООУ „11 Октомври” и танцовиот клуб „Еурека”.
Кристијан Бенито ќе го изведе своето магионичарско шоу, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња.
Празничната атмосфера продолжува попладне со зимскиот уличен фестивал „Грин-Џ 2025″.
Вечерната програма е резервирана за добра журка. Публиката ќе ја загрее DJ Александар Јорданов, по што следуваат Brass Brothers, со електронскиот етно звук.
За самиот финиш ќе настапи Либеро Бенд , група позната на македонската музичка сцена по своите енергични живи настапи и богат репертоар од авторски песни и преработки на познати хитови.














