(Фото) Исчезнато е лице со деменција, кое живее на Илинденска, семејството бара каква било информација

Исчезнато е лице со деменција, кое живее на Илинденска во Скопје. Семејството бара каква било информација.

„Луѓе, ќе ве замолам за помош. Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30. Искочен е од дома најверојатно само по пиџами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен за тоа каде живее и за ориентирање во простор.

Живее на Илинденска во Центар близу влада и паркот. Ве молам споделете и било каква информација би била корисна. Мојот број е 075 415 020,“ апелира на социјалните мрежи неговиот син Владимир Стојановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести