Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава.
Со новогодишни пакетчиња од Витаминка и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата од Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, на Универзитетската клиниката за детски болести, Оддел за цистична фиброза, Оддел за неврологија како и на Детска хирургија. Малите подароци носат голема порака дека овие деца не се заборавени и дека празниците можат да донесат радост и во најтешките моменти.
„Новогодишните празници се време кога солидарноста, вниманието и грижата за другите добиваат особено значење, но за дел од децата тие поминуваат во болнички соби, далеку од празничната атмосфера. Со оваа донација сакаме барем малку да им ја доближиме празничната радост, да внесеме насмевки и чувство дека не се сами, како и да им дадеме поддршка на семејствата и медицинскиот персонал кои секојдневно се грижат за нив“, вели Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.
Како општествено одговорна компанија, Витаминка и оваа година продолжува да ги негува вредностите на хуманост и заедништво, верувајќи дека секоја насмевка е чекор поблиску до подобар и похуман свет, особено кога станува збор за децата.






ПР-објава














