Сега веќе поранешната Стопанска банка АД Битола годинава доби нов сопственик – Алта банка АД Белград, Србија.
Банката веќе има ново име – Алта банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Во Македонија подолг период немаше драстични промени во банкарскиот сектор, па оваа зделка е дефинитивно бизнис настанот на годината, според еМагазин.
Сега веќе најголемиот акционер во Алта банка Битола, Алта банка Белград пред неколку денови се стекна со дополнителни 19.556 обични акции и сега поседува вкупно 364.731 обични акции односно 93,29% од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка Битола.
Како се продаде Стопанска банка Битола
И претходната 2024 година имаше обид за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје, но тој беше неуспешен, бидејќи недоволен број на акционери сакаа да ги продадат своите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Но, Алта банка Белград успеа да се стекне со вкупно 345.175 обични акции, кои преставуваат 88,2852% од вкупниот број на обични акции на Стопанска банка Битола.
Заедно со другите акции кои Алта банка преку Алта груп веќе ги поседуваше во Стопанска банка Битола, како што веќе пишуваше еМагазин, српската банка стана сопственик на 93,2571% од акциите на Стопанска банка Битола.
Понудата ќе се сметаше за успешна ако се продадеа најмалку 273.795 акции, односно 70,03% од вкупниот број.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата продава 7.213 акции во Алта банка Битола
Ставена вон сила одлуката Маја Кадиевска Војновиќ да биде член на УО на Алта банка Битола
Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола














